Општина Ѓорче Петров денес официјално го отвори новиот пензионерски клуб во просториите на Урбаната заедница „Мирче Ацев“. Со ова, пензионерите од овој дел на општината добиваат функционален и пријатен простор за дружење, рекреација и секојдневни активности.
Градоначалникот Александар Стојкоски, присуствувајќи на отворањето, истакна дека вложувањето во подобри услови за пензионерите останува приоритет:
„Нашите највозрасни сограѓани заслужуваат внимание, почит и услови за квалитетен живот. Тие се најактивната група во општината, ангажирани, посветени и секогаш подготвени да дадат придонес во заедницата. Отворањето на овој клуб е чекор кон нивната поголема вклученост и социјализација.“
Пензионерскиот клуб ќе служи како отворен простор за реализирање на различни програми, културни настани, едукативни и спортски активности за пензионерите.
Општина Ѓорче Петров продолжува со активности насочени кон унапредување на животот на сите генерации, со посебен акцент на создавање можности за достоинствено стареење.