Општина Ѓорче Петров ги информира родителите/старателите дека започнува уписот на ученици во прво одделение за учебната 2025/2026 година. Уписот започнува на 2 мај 2025 година и ќе се одвива во сите основни училишта на територијата на Општина Ѓорче Петров.
Право на запишување имаат:
∙ Деца кои до крајот на календарската 2025 година ќе наполнат шест години (родени во 2019 година).
∙ По исклучок, може да се запише и дете кое ќе наполни шест години до 31 јануари 2026 година, по поднесено барање од родителот и добиено мислење од педагошко-психолошката служба во училиштето.
Потребни документи при упис:
∙ Извод од матична книга на родени за детето (фотокопија);
∙ Лекарска потврда за примени задолжителни вакцини од надлежна здравствена установа;
∙ Потврда од стоматолошки преглед издадена од Поликлиника Ѓорче Петров;
∙ Потврда од офталмолошки преглед од надлежна здравствена установа;
∙ Лични карти на двајцата родители/старатели – на увид;
∙ Досие на детето издадено при испис од градинка (доколку детето посетувало градинка), најдоцна до 29 август 2025;
∙ За дете со попреченост – проценка за попреченост од надлежен систем за проценка, заради обезбедување дополнителна образовна поддршка.
Педагогшко-психолошка проценка:
При уписот, детето задолжително ќе помине педагошко-психолошка проценка, спроведена од стручната служба во училиштето.
За дополнителни информации и термини за упис, родителите се молат да се обратат директно во основните училишта на територијата на Општина Ѓорче Петров.
