Општина Ѓорче Петров на денешната вонредна седница на Советот едногласно изгласа парична помош од 1 милион денари за семејствата на трагично настраданите лица од пожарот во Кочани.

Општина Ѓорче Петров изразува сочуство до семејствата на настраданите.

Длабоко жалиме за загубата. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со сите Вас и со повредените лица и нивните семејства, на кои им посакуваме побрзо оздравување.   

Share