Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на првачињата во ООУ „Јоаким Крчовски“ им подели новогодишни пакетчиња.
Општина Ѓорче Петров и оваа година обезбеди пакетчиња за сите првооделенци на територија на општината.
Грижата за нашите најмлади жители е наша најголема обврска и привилегија. Нивната насмевка и радост се најубавиот подарок што можеме да го добиеме.
Им посакуваме добро здравје, многу среќа, успеси и безгрижно детство.