Културно – забавна програма за најмладите жители, нашите дечиња кои најмногу се радуваат на новогодишните празници.
Ден: 21.12.2024 ( сабота)
Време: 18:00 – 22:30 часот
Место: Реонски парк Ѓорче Петров
Ви најавуваме многу нови културни содржини за сечиј вкус и содржини за сите генерации:
Ќе следи супер забавна програма со:
Детскиот фестивал Поточиња
Театарската претстава на Театарот Чекори “Го чекаме Дедо Мраз”
Бесплатно фотографирање со Дедо Мраз
Незаборавна забава со маскотите на омилените ликови од најпопуларните цртани филмови.
Штандови со топол пијалок и храна
Голем музички концерт со звуците на македонската песна за која ќе се погрижат ДНК, Андријана Јаневска, Лина Пејовска и Огнен Здравковски.
Дојдете да ги почувствуваме заедно првите празнични мигови со многу изненадувања, радост и среќа за дечињата