Општина Ѓорче Петров почна со изградба на нов паркинг простор во близина на спортското фудбалско игралиште „Македонски Лавови“ на булеварот „Македонска Војска“.

Со вкупна површина од 8️⃣5️⃣0️⃣м², паркингот ќе овозможи простор за приближно 5️⃣0️⃣ возила, обезбедувајќи уредено и безбедно место за паркирање.

Ова е уште еден чекор во решавањето на проблемот со паркирањето и ослободување на улиците од непрописно паркирани возила.

На овој начин, создаваме поквалитетен животен простор за сите.

Share