Општина Ѓорче Петров поднесе неколку значајни проекти до Министерството за локална самоуправа во вкупна вредност од 119.000.000.

Аплициравме со проекти од суштинско значење за жителите на Ѓорче:

Проект за изградба на нова детска градинка во Дексион

Локален пат клучка на обиколница Волково-Орман

Пробивање на ул.”Социјалистичка Зора” со Сремски Фронт

Реконструкција на пат до школото во с.Кучково

Реконструкција на ул.”Николај Островски”, подобрувајќи го квалитетот на живот на локалните жители

Реконструкција на улиците “Вера Циривири” и “Никола Вукмировиќ”

Нашата визија за Ѓорче Петров е визија на амбиција, напредок и благосостојба. Секој од овие проекти е чекор напред кон подобра иднина и нови можности за сите нас. Работиме со ентузијазам и посветеност да ја подобриме нашата заедница.

Share