Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски заедно со министерот за здравство, Арбен Таравари и амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов го посетија првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар.

Проектот го реализира НВО “Во мојот свет” и е прв ваков центар во Република Македонија. Во тек е реконструкција на објектот каде ќе биде сместен дневниот центар на површина од 480 м2. Во социјалниот клуб ќе бидат ангажирани стручни лица – мултидисциплинарен тим, кој опфаќа детски и адолесцентен психијатар, психолог, специјален едукатор и рехабилитатор, логопед, физиотерапевт и негуватели.

Share