Празничната литургија се одржа денеска во најголемата црква Св.„Петар и Павле“ во Ѓорче Петров посветена на светиот спомен на апостолите, а по повод големиот христијански празник Петровден.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој им го честита празникот на сите христијани.
-Присуствував на преубав црковен чин на кој православните христијани му принесуваат слава и благодарност на Бога и си спомнуваат со почит на светите апостоли Петар и Павле (Петровден). По примањето на Светиот Дух, апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план најмногу се истакнале светите апостоли Петар и Павле, чие име го носи нашиот свет храм во Ѓорче Петров – рече Стојкоски при посетата на црквата.
Стојкоски им посака на граѓаните да го поминат денот во здравје, радости и мир.
-Честит именден и честита слава на сите Вас кои го чествувате споменот на светите апостоли. Слава и благодарност на Бога – додаде градоначалникот.