На бројот 078449278 граѓаните на Ѓорче Петров можат да пријават последици од невремето
По синоќешното невреме екипите на Општина Ѓорче Петров веднаш постапуваат и отстранети се паднати дрва.
Општинскиот кризен штаб е во постојана комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи, службите на ЕВН и Центарот за управување со кризи.
Дежурни екипи на Општина Ѓорче Петров се поставени да бидат на терен и достапни за граѓаните, доколку има потреба и пријави.
Достапен ќе биде и телефонски број 078449278 на кој граѓаните на Општина Ѓорче Петров можат да пријават последици од невремето или потреба од службите да интервенираат.