Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, оствари средба со директорката на ОУРЦ ,,Златан Сремец” Марија Делетиќ и одговорниот координатор за образовни асистенти, Маја Трајчова.
Стана збор за потребите за поддршка на учениците со попреченост од општинските основни училишта на територија на општина Ѓорче Петров.
На средбата беше договорено од наредната учебна 2024-25 година во заедничка соработка да отпочне со работа Центар за поддршка на учењето на учениците со попреченост кој што ќе биде лоциран во ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски”.
Центарот за поддршка ќе ги користи материјалните и човечките ресурси од ресурсниот центар и ќе дава соодветна стручна поддршка на учениците со попреченост, на наставниот кадар, стручните соработници, родителите, односно старателите и инклузивниот тим во основните училишта на подрачјето на општината. Општина Ѓорче Петров има слух за проблемите на оваа категорија на граѓани и со задоволство ќе направиме се што е во наша моќ, да бидеме од голема помош во процесот на социјализација на овие дечиња.