Општина Ѓорче Петров денеска ја спроведува последната фаза од обуките за подобрување на услугите од страна на јавниот сектор, односно на вработените преку користењето на моделот CAF.

Целта на работилниците на која учество зема дел од адимистрацијата водена од експетите за CAF, Александра Шантл и Игор Марковски беше преку пленарни сесии и работа во групи, учесниците да се стекнат со знаења за управување со квалитет во јавната администрација.

Користењето на моделот CAF кој претставува алатка за целосно управување со квалитетот ЦУК заснована на Моделот за извонредност на Европската фондација за управување со квалитет, исто така, беше целна точка која вработените ја усовршија преку обуките.

Ова беше еден од основните чекори за почнување процес на постојано подобрување и појаснување на чекорите кои следат за континуиран развој на Општина Ѓорче Петров во областа „управување со квалитет“. Услужноста на администрацијата е особено важна за Општина Ѓорче Петров како локална единица која всушност е првата општина во Република Македонија која ги спроведува и практикува искуствата од обуката, а втора во регионот.

Share