Како и изминатата година, така и оваа, креираме нов буџет на Општина Ѓорче Петров, кој ќе биде составен од бројни капитални проекти, но исто така ќе изобилува со идеи и проекти произлезени директно од нашите граѓани.
Има два начини преку кои граѓаните може да ги достават нивните идеи до нас. Првиот начин е да се потполни формулар во општината каде што ќе може да се наведат потребите, а другиот начин е електронски да го се потполни истиот формулар на линкот кој е поставен подолу.
Транспарентноста е наша најголема одлика и наш императив е таквата пракса да продолжи и во иднина. Граѓаните мора да знаат каде и за што се трошат нивните пари, како и да бидат задоволени нивните потреби кои што се неопходни за секојдневно хумано живеење во Ѓорче Петров.
Ве повикуваме заеднички да креираме уште еден буџет на Општина Ѓорче Петров и заеднички да ги решаваме проблемите и потребите на нашите сожители.