Православната црква го прослави споменот на светите апостоли Петар и Павле. Во истоимениот храм во Ѓорче Петров, по тој повод, градоначалникот Александар Стојкоски присуствуваше на утринска празничната литургија посветена на светиот спомен на апостолите.

На литургијата и претходеше синоќешната празнична вечерна молитва со акатист посветен на Св. Апостоли во организација на Свештено братство при Црковната општина Св.„Петар и Павле” во нашата општина.

Светите Петар и Павле биле меѓу водечките светци на раната црква. По примање на Светиот дух, овие верни Христови ученици тргнале во мисија низ светот за да ја рашират и проповедаат христијанската вера.

Вчера беше Петровден, денеска е Павловден. Општина Ѓорче Петров им честита слава и именден на сите што слават.

Share