Прва средба во Општина Ѓорче Петров по повод проектот на УСАИД  за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, проект што на долг рок ќе ни помогне да ги детектираме нашите слабости и навремено да реагираме во секој сегмент во работата на општинската администрација.

По потпишаниот Меморандум со УСАИД, ова е втор чекор кон подобрување на состојбите во планирање и собирање локални даноци, зголемување на капацитетите за пристап до надворешни извори на финансирање, подобрување во однос на управување со јавни финансии во согласност со позитивната законска регулатива и зајанување на процесот на децентрализација.

Целта на денешната средба беше детална анализа на капацитетите на општината преку алатка за самооценување на општинското финансирање и процесите поврзани со нивно управување.

По целосното времетраење на проектот од 18 месеци, односно скенирање на состојбите,  се очекува општината да добир поддршка од УСАИД во делот каде ќе бидат детектирани слабости.

Share