Општина Ѓорче Петров обезбеди нови канцеларии за Здружението на пензионери на Општина Ѓорче Петров.
На претставниците на повозрасната популација од Ѓорче Петров без финансиски надомест им отстапивме две простории за работа во старата општинска зграда од која неодамна администрацијата се отсели.
Со Здружението на пензионери имаме одлична соработка. Во континуитет, согласно нашите можности, овозможуваме добри услови за работа и делување на оваа организација.
Со овој гест уште еднаш покажуваме почит кон нашите сограѓани кои се во трето доба и се уште придонесуват за подобро општество, негувајќи ги традиционалните македонски вредности.