Во организација на градинката „Росица“ од Општина Ѓорче Петров денеска се одржа едукативниот настан насловен „Волшебниот свет на книгата“ со возрасните групи од 5-6 год од сите шест објекти заедно со учителките, стручните соработници и негователките.

Настанот беше организиран со цел истакнување на книгата и пишаниот збор како важен елемент во развојот на детето, наспроти се почестата употреба на мобилни телефони кај најмладите како едукативен елемент.

Во Центарот за култура на Општина Ѓорче Петров присуствуваше и градоначалникот Александар Стојкоски кој истакна дека ова е одличен настан со цел да се збогатат детските знаења за светот на книгите.

-Исто така, целта е дечињата да го сознаат патот на  изработката на една книга, како и развивање на креативноста и интересот на децата за поттикнување и стекнување навика за читање. Општина Ѓорче Петров секогаш е поддржувач на вакви настани кои имаат за цел правилно насочување и развој на нашите најмлади жители – додаде Стојкоски.

Проектот беше реализиран со различни активности кои ги воведоа децата подлабоко во светот на книгата, а тоа предизвика силен интерес кај најмладите. Книгите ги мотивираа децата да изработат на насловни страни на омилените бајки, јунаци, животни, како и драматизирање на омилените текстови.

Share