На површина од 3.285 м2 поделена на 5 нивоа, со 66 нови канцеларии, 2 сали за состаноци, амфитеатар, 4 чајни кујни, тоалети и тоалети за лица со инвалидитет, два лифта и останати технички простории во септември годинава беше пуштена во употреба новата општинско-административна зграда на Општина Ѓорче Петров.
Граѓаните на Ѓорче Петров конечно, после деценија градба, добиваат централизирани услуги на едно место, а на вработените им се овозможуваат сите современи услови за работа.
На отворањето присуствуваа голем број гости и соработници на општината, советници, поранешни градоначалници итн.

Share