Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски пред одигрување на најважниот натпревар оваа сезона-Купот на Македонија на 20 мај ги посети фудбалерите и стручниот штаб на ФК Македонија Ѓ.П. кои се најголемата гордост на Ѓорче Петров.
-Им посакав спортска среќа и многу успех на натпреварот, а ние ќе ги бодриме од трибините и ќе им бидеме дополнителен ветер во грб – рече Стојкоски при посетата.
Ѓорче Петров е синоним за пркос, борба и победа, додаде, и така ќе биде и овој пат.