Со одлична динамика се одвива процесот на поставување примарна и секундарна канализација во с.Орман.  Во моментов се работи на преминот под железничката пруга.

Должината на канализационата мрежа е приближно 3.000 метри. Според договорот за изработка со финансиска поддршка од Владата и ТАВ, проектот треба целосно да заврши до крајот на 2023 година.

Дополнително, планирана е и изведба на колектор, односно пречистителна станица во ова населено место како би можело канализацијата брзо да биде ставена во функција.

Проектот се изработува по нова метода (Pipe jacking) на импутирање на цевката, којашто ќе биде заштитена од дополнителни оштетувања, односно ќе биде заштитена и самата железничка пруга под која се работи.

Со завршување на овие инфраструктурни чекори, селото Орман дефинитивно се урбанизира и менува. Решаваме долгогодишни проблеми кои ги мачеа жителите на ова место и ќе продолжиме во насока на модерно, урбано и хумано Ѓорче.

Share