Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски оствари средба со жителите кои работат и поседуваат индустриски капацитети на ул. „1600“, којашто е навистина во лоша состојба и е децениски проблем за овие луѓе.
На оваа улица има 19 приватни фирми и над 150 вработени, кои секојдневно се соочуваат со проблеми поради лошата инфраструктура.
На средбата заеднички се изнајдоа решенија на долгогодишните проблеми. Стојкоски се обврза во најбрз можен рок да се отпочне со реконструкција и асфалтирање на улицата, што ќе придонесе за непречено функционирање на работниците, како и за дополнителен развој на оваа мини индустриска зона.