Екипите на комуналниот пункт заедно со екипи на ЈП „Паркови и зеленилно“ темелно го чистат и уредуваат паркот кој е најфрекфентен во нашата општина.
Вакви координирани акции ќе продолжат и во периодот што следува. Пред доаѓање на пролетните денови во план е и целосно менување на урбаната опрема во паркот.
Минатата недела ги саниравме оштетените делови на детското игралиште. Повторно апелираме граѓаните да се однесуваат одговорно кон природата и да ја чуваат урбаната опрема.