Иницијативниот одбор за организација на Василичарскиот оган во нашата општина и оваа година традиционално го организира овој убав настан во знак на чествување на нашиот христијански и православен празник Василица.

Настанот ќе се одржи во населба Даме Груев веднаш до месната заедница денеска од 18 часот.

Општина Ѓорче Петров, како и секогаш кога станува збор за овие традиционални денови кои ги одбележуваме, ќе биде покровител и на овој настан. Во рамки на нашите можности ќе помогнеме во организацијата на Василичарскиот оган и ќе продолжиме и натаму со поддршка на овие настани.

За таа цел, ги покануваме сите ѓорчепетровци да присуствуваат на овој убав настан и заеднички да ја прославиме Василица.

Share