Над 50-тина дечиња од општина Ѓорче Петров земаа учество во Бадниковата поворка која во дворот на општината донесе голема радост во пресрет на Бадниковата вечер.
Децата со весели коледарски песни го најавија Христовото раѓање пред големиот христијански празник Божиќ.
Како што е редот, општина Ѓорче Петров ги радуваше овие драги наши коледарчиња со бадникови пакетчиња.
-Среќен сум што на ваков начин ја продолжуваме вековната коледарска традиција и како општина и во иднина ќе продолжиме да ги негуваме традиционалните вредности – рече градоначалникот Александар Стојкоски кој присуствуваше на манифестацијата.