Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски со дел од неговиот тим, традиционално на првиот ден од новата година ги посети првите новороденчиња во општината.
Родени се две машки здрави дечиња. Градоначалникот лично им честиташе на родителите и им посака дечињата да им се живи, здрави и весели.