Општина Ѓорче Петров во соработка со градинката „Росица“ обезбеди новогодишни пакетчиња за сите 1.300 дечиња од градинките.
Неизмерна среќа и насмевки на лицата на дечињата од детската градинка „Пампурче“. Тие со радост го пречекаа градоначалникот Александар Стојкоски.
Тој им посака здравје, среќа и многу љубов во сите денови кои доаѓаат во новата година.