Општина Ѓорче Петров годинава обезбеди пакетчиња за децата на вработените од општинскиот Комунален пункт и за децата на сите вработени.
Овие семејства се генерално многудетни. Пакетчињата им ги додели градоначалникот Александар Стојкоски кој рече дека многу ја цени нивната работа.
-Тие се изложени на секакви временски услови, на сонце, на дожд и неуморно си ја работат својата работа- додаде Стојкоски