Одржавме состанок на Кризниот штаб на општина Ѓорче Петров со акцент на снежните врнежи кои се најавуваат во периодот што следува. Се делува навремено и плански и сите вклучени страни се максимално подготвени.

Залиха на сол веќе имаме подготвено, а ќе набавиме и доволна дополнителна количина.  Годинава првпат располагаме и со сопствено возило за зимски услови кое ќе ни ја олесни постапката на расчистувње снег штом се јави потреба за тоа.

ПС-Ѓорче Петров веќе изготвува посебен план и ќе интервенира редовно, но и вонредно каде што има потреба. Осовено внимание ќе обрнеме на критичните точки, како што се мостот кон Даме Груев и патот кон Кучково. Во план е 24-часовна дежурна служба на критичниот мост со цел превенција на евентуални сообраќајни незгоди.

Доколку имаме интензивни снежни врнежи, размислуваме и за укинување на рестрикцијата на уличното осветлување, поради безбедносни причини.

Остануваме во редовна комуникација и со Дирекцијата за заштита и спасување, Град Скопје, фирмата „Анизор“(за зимско одржување) и месните и урбани заедници.

Share