Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во соработка со општина Ѓорче Петров ја завршија реализацијата на расчистување и тампонирање крак од ул. „Антон Кецкаров“, по што следуваше асфалтирање на краците.

Кракот е во еден од најстарите делови на населбата. Вкупната површина за работа беше приближно 700 метри квадратни. Со реконструкцијата се решава децениски проблем со сообраќање и движење по улиците.

Share