Ѓорчепетровци утре во 12 часот во реонскиот парк ќе може да присуствуваат на настанот „Од Бистра преку Дервен до Ханриево“ во рамки на „Звуци на културата 2022“.
Овој „жив музеј“ ќе го долови амбиентот што постоел на територијата на нашата општина во периодот во првата половина од 20 век. Присутните ќе имаат можност да ги доживеат сите обичаи и традиции преку реквизитите од тој временски период, малите сцени низ паркот, едукативни катчиња каде ќе бидат презентирани народни носии од етнички предели, изработка на фолклорен накит и техники за изработување на материјал за облековните елементи од тоа време.
Звуците на народните песни и ора на неколку ансамбли, оркестри, вокални интерпретатори, актери и играорци ќе не вратат во нашето богатото македонско културно минато.
Некогашно Ханриево, подоцна Жостов, а денеска нашето Ѓорче Петров е препознатливо во историјата по најстарата железничка станица во Скопје на која сообраќало вовчето „Пампурче“. Со него пристигнале нашите претци од сите градови во Република Македонија. Токму разновидноста е инспирација за овој настан.