Над 400 првачиња од основните училишта во општината Ѓорче Петров продефилираа на стадионот „Македонски лавови“, учејки за социјалните и здравствените придобивки од спортот.

Практикувањето на кој било спорт или физичка активност е за подобро и правилно растење и развивање и кон тоа ќе ги насочуваме децата од најмала возраст.

Општината и натаму ќе работи на проекти за раното откривање на спортскиот потенцијал кој е појдовна основа за тоа како детето понатаму ќе се развива на спортски професионален план.

-Силно сме фокусирани на развојот на условите за спортување на целата териоторија на општината Ѓорче Петров, бидејќи нашите дечиња тоа го заслужуваат – рече градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

За сите првачиња, Универзитетот за туризам и менаџмент обезбеди спортски ранчиња.

Share