На 24 септември во 18 часот на стадионот „Македонски лавови“ се организира прва кинолошка изложба за сите раси на кучиња.
Ваков тип изложба со поддршка од општина Ѓорче Петров се организира првпат на територија на општината. Настанот има забавна, информативна и едукативна цел.
Сите кои имаат расни кучиња со педигре можат да се пријават за учество на httpss://form.jotform.com/222477250548055?fbclid=IwAR1CUcu-xFmU0Wy1ezypVT-akQ50yNlKxuLg6VxJBGX0OxpnUF-ojD-oVWE и на телефонските броеви 071/422-183 и 075/998-999.