Општина Ѓорче Петров финансиски ќе ја поддржи организацијата на вториот меѓународен турнир во ракомет „Ѓорче Куп 2022“. Турнирот е во организација на нашиот шампион „Ѓорче Петров – ЖРК“ и стартува денес во спортската сала” Христо Батанџиев”.
На седница на Советот, донесена е одлука за 100.000 денари финансиска помош за овој спортски собир кој полека станува пандан на струшкиот машки меѓународен турнир во ракомет кој е со богата традиција.
Како поддршка за ракометот, советниците изгласаа и бесплатно користење на термини за тренинг на „Ѓорче Петров – ЖРК“ во салата „Христо Батанџиев“.
Ова е уште една потврда дека општината и натаму ќе ги поддржува активностите на нашите спортисти. Ѓорче Петров е расадник на спортски клубови и имиња со богата историја. Остануваме верен партнер во создавањето шампиони во сите спортски категории.