Во село Кучково завршено е мапирањето на велосипедската и пешачката патека. Мапирани се 8 км. пешачка и 4,5 км. велосипедска патека во кружна форма.
Со овој проект, жителите на општината и градот добиваат одлично урбанизирано место за спорт и рекреација во најубавиот туристичко-планински предел во општина Ѓорче Петров.
Во рамки на проектот поставени се и 4 видиковци, 5 информативни табли со мапи, 15 информативни табли за културни знаменитости, 23 патокази, корпи за отпад, клупи и столбчиња за одбележување на трасата.
Инвестицијата е на Биро за регионален развој при Министерството за локална самоуправа и на општина Ѓорче Петров, а постапката ја спроведуваше Центарот за развој на скопскиот плански регион.