Реонскиот парк во Ѓорче Петров утре ќе биде центар на едно големо случување со хумана нота. Life Wire, Бени Шаќири, Јовче Пандев и пријателите и Стојне Николова заедно со Динамик бенд ќе ги забавуваат ѓорчепетровци на традиционалниот меморијален годишен настан во сеќавање на Марија Михајловска, наш сограѓанин, голем хуманист и борец за човекови права.

Стартот на настанот е во 19 часот и 30 минути со мото дефиле од улицата „Борис Сарафов“ до Центар. Концертот е предвидено да почне околу 20 часот. Собраните средства од пијалоци ќе бидат донирани за лекување на Ника Стојановска која боледува од таласемија и потребно и е пресадување матични клетки во Турција.

На настанот ќе му претходи крводарителска акција од 9 до 13 часот во Центарот за култура.

Share