Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски оствари средба со претставници од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико на која се разговараше за заложбите кои произлегуваат од Стратегијата за инклузија на Роми 2022-2030.
Утврдено е дека во претстојниот период ќе се изработуваат Локални акциски планови за Роми 2022-2025, засновани на принципи на еднаквост, промовирање на учество на ромската заедница во сите фази на креирање политики, како и дефинирање на квантитативни и квалитативни таргети во секоја од областите за мерење на достигнувањата и импактот врз заедницата, во повеќе општини, меѓу кои и Ѓорче Петров.
-Изразувам благодарност за техничката и логистичката поддршка која ни е ставена на располагање од нивна страна, бидејќи само со здружени сили и идеи, како и аплицирање и искористување на финансиски средства за реализација на проекти кои се фокусирани на ромите, заеднички ќе успееме да го подобриме животот на ромите – граѓани на Општина Ѓорче Петров – рече Стојкоски.