Општина Ѓорче Петров учествуваше на промоцијата на јавниот повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво кои ќе бидат во интерес на граѓаните во општината.
Проектот имплементиран од Министерството за труд и социјална политика со поддршка од Светска банка беше промовиран како важен фактор во процесот на децентрализација и јакнење на капацитетите на општината.
Очекувам да овозможи подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, посебно на социјално-ранливите категории како невработени лица, самохрани мајки и корисници на минимална помош.
Поради се поголемата потреба од развивање на социјалните услуги на граѓаните на територијата на општината, формиран е Совет за социјална заштита со цел формирање на социјални услуги, и испорака до оние на кои им е најпотребно како помош и нега на стари и болни лица, жртви на семејено насилство, лица со посебни потреби.
Задоволството е големо кога крајните корисници ќе добијат квалитетна и добра услуга, а ние како општина силно ќе се заложуваме да дадеме свој придонес кон достоинствен живот на сите граѓани.