На иницијатива на градоначалничката Данела Арсовска, Град Скопје започна со постапката за изградба на првиот мега парк во Општина Ѓорче Петров на површина од над 30.000 м2 на место на поранешната депонија во Ново Село.
Новиот парк ќе се простира на зелена површина во должина од 17.534 квадратни метри, а за пешачки патеки предвидени се 13.366 квадратни метри.
Во план е и засадување на над 2.250 садници.
Општина Ѓорче Петров во соработка со Градот го реши деценискиот проблем на жителите на Ново Село и околината. Граѓаните конечно ќе ја добијат новата ветена зелена зона за рекреација.