Во Центарот за култура поставена беше ликовна изложба со наслов „Илустрации од македонската литература за деца (90-тите години на XX век)“ во организација на Јане Теохаревски, историчар на уметноста, со поддршка од општина Ѓорче Петров.
Симболично, изложбата се поклопи со 1 јуни-Денот на детето и на истата присуствуваа дечиња од основните училишта од општината на кои на ваков начин се обидуваме да им ги приближиме културата и уметноста.
Изложбата, во малку поширок обем е прикажана во Букурешт, под менторство на тамошниот Национален музеј на литературата.