Културно-уметничко друштво КУД „Григор Прличев“ кое е нашиот „чувар“ на традицијата, утревечер во Центарот за култура ќе се претстави со автентични музички, сценски и вокални кореографии.

Посетителите ќе имаат можност да се потсетат на македонскиот автентичен фолклор, нашите традиции и исконското преку ревијата на народни и изворни носии од богатата ризница на ансамблот.

Општина Ѓорче Петров останува поддржувач на вакви настани кои имаат за цел заштита и унапредување на македонскиот фолклор и пренесување на традициите на идните генерации.

Share