Општина Ѓорче Петров се приклучи на маршот на Црвен Крст на градскиот плоштад по повод одбележување 77 години од постоењето на организацијата.

На маршот присуствуваше и градоначалникот Александар Стојкоски кој истакна дека задоволство е на ваков начин да се даде поддршка на заложбите на оваа организација која неуморно работи во насока на хуманоста.

-Општина Ѓорче Петров останува поддржувач на настаните организирани од Црвениот крст. И во иднина ќе продолжиме да помагаме преку заеднички акции и да дејствуваме за подобрување на состојбите во заедницата – рече Стојкоски.

Share