Општина Ѓорче Петров стартува со реализација на уште еден проект “Мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација во с.Кучково“.
Вкупната должина на велосипедската патеката е 4.500 метри и 2 м ширина. Должината на пешачката патека е 8.410 метри и 1,5 метар ширина.
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски го означи стартот на проектот, истакнувајќи дека на овој начин се насочуваме кон планинскиот туризам и убавините што ги нуди руралниот дел во нашата општина.
-Создадаваме ново прибежиште за љубителите на природата на само 16 км. оддалеченост од центарот на Скопје. Ќе им понудиме на посетителите нов простор за спорт и рекреација, урбано оплеменување на постоечкиот и неоплеменет дел во Кучково. Со проектот предвидено е и расчистување на трасата, поставување видиковци и инфоративни табли, корпи за отпад, клупи и културни знаменитости. Кучково ќе биде на мапата на атрактивни туристички дестинации во Македонија, онака како што ветивме пред граѓаните – рече Стојкоски.
Вредност на проектот e околу 4.700.000 милиони денари од кои 10% кофинансира општината. Останатите средства ги обезбедува Центарот за Скопски плански регион