Учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“ го освоија првото место во општинската училишна лига во футсал што се одржа во спортската сала „Христо Батанџиев“ во Ѓорче Петров.
Второто место го освои екипата на ООУ „Тихомир Милошевски“, а третото место е за екипата на ООУ „Страшо Пинџур“.
Медалите ги додели градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој рече дека над 12 години сме сведоци на успесите во футсал натпреварувањата кое обединува над 100-тина ученици во футсал преку цела година од основните училишта.
-Како градоначалник, родител, но и доктор, силно се залагам за спортување од најрана возраст поради значајните здравствени придобивки кои несомнено се важни во понатамошниот психо-физички развој на децата. Им честитам на учениците за тимскиот дух, меѓусебната почит и за дисциплинираноста на теренот. Градење здрави навики и развивање на натпреварувачки дух секогаш ќе останат наш приоритет во сферата на колективниот спорт – истакна Стојковски.
Здравствените придобивки од спортот, додаде, се огромни и оттука, големо е задоволството да се биде покровител на еден ваков важен спортски настан во раната училишна возраст.