Во општина Ѓорче Петров се одржа прв, координативен состанок на Советот за социјална заштита.
Утврдено беше раководството, Советот и Деловникот, а се договорија и насоките на делување во областа социјала за периодот што следува. Ќе биде изготвен план кој треба да содржи мапирање на социјалните проблеми и ранливите групи, анализа на капацитетите и расположливите социјални услуги, како и специфичните потреби за развој на социјалните услуги во општината.
Врз основа на планот ќе биде изготвена и годишна програма.
Советот го сочинуваат вработени од општината, но и претставници од релевантни институции од подрачјето на Ѓорче Петров.