На средбата  се разговараше да се изнајде начин сите тие како главни двигатели на културниот живот активно ќе се вклучат и преку свои идеи, предлози, активности, учество и проекти заедно ќе придонесеме за издигнување на културната свест  кај граѓаните, посебно најмладите, децата.

На овој начин ќе се овозможи поголема соработка, подобра комуникација со нив, а преку организирање на овие работни средби општината покажува отвореност за нови идеи и предлози со цел збогатување на културниот живот, бидејќи културата на еден народ е неговото најголемо богатство- слика за неговата традиција, историја, постоење…

Share