Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски присуствуваше на конференцијата „ЕУ за општините“ која се одржа во Скопје.

Како што рече, конференцијата била одлична можност да се запознае со програмите „ЕУ за општините“ и Програма за прекугранична соработка меѓу земјава и Албанија. 

-Евроамбасадорот Девид Гир ја потврди поддршката што Европската унија преку разни форми ја дава на општините. Општина Ѓорче Петров во овој момент имплементира партнерски проект со општина Ново Брдо од Косово во рамки на Програма за прекугранична соработка, финансирасна од ЕУ. Остануваме фокусирани во оваа насока се со цел подобрување на условите за живеење во нашата општина – додаде Стојкоски.

Share