Продолжува реализацијата на проектот „ Нова спортска опрема за здрави спортски навики и интеграција на децата” кој претставува неповратна финансиска помош за општинските основни училишта и градинка „Росица” од страна на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.
Во тек е набавка на спортска опрема и спортски реквизити за сите основни училишта и детската градинка.
Општина Ѓорче Петров, преку заедничката соработка со Амбасадата на Република Бугарија се грижи спортот да биде составен дел од животот на децата, бидејќи вежбањето, спортувањето е предуслов за правилен развој на децата, нивното физичко и психолошко здравје, и помага да се промовира чувството на пријателство и солидарност, самодисциплина, почитување на другите како и лидерските вештини.

Share