На барање на жителите со поддршка на градоначалникот Александар Стојкоски, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска поднесе иницијатива, а Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка со општина Ѓорче Петров за асфалтирање на над 24 улици во општината со должина од над 5.000 метри во неколку населени места.
Со оваа одлука е предвидено Град Скопје и oпштина Ѓорче Петров да воспостават соработка со цел асфалтирање на поголем број улици во пет населени места, односно во Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор.
Со оваа одлука е предвидено асфалтирање на следните сообраќајници:
-Во село Волково ќе се асфалтираат 12 улици, односно ул. 83, ул. 100 десен крак, ул. 73, ул. 74 и ул. 78, ул. 80 Пржина, ул. 81 крак 1; 2 и 3 лево и ул. 81 крак 4 десно;
-Во населбата Кисела Јабука ќе се асфалтираат 7 улици, односно ул. 4, ул. 6, краци на улиците 46 и 46а и ул. 68, ул. 10 и ул. 34;
-Во населба Даме Груев ќе се асфалтира ул. „Антон Кецкаров“ кон касарна лево;
-Во Ново Село ќе се асфалтираат 3 улици, односно улицата пред ООУ „Тихомир Милошевски“ крак десно и лево, како и краци на улиците 2 и 4;
Во населба Стопански Двор ќе се асфалтира улица 52 краци десно.
Проценетата вредност на овој проект изнесува околу 26 милиони денари и тоа Град Скопје ќе издвои средства во износ од 25 милиони денари, додека oпштина Ѓорче Петров ќе учествува со милион денари и со изработка на техничка документација