На 17 – ти Април – Светскиот ден на хемофилијата, осветливме дел од општинската зграда во црвена боја како знак на поддршка кон лицата заболени од хемофилија.
Во земјава има 320 регистрирани лица со хемофилија А и Б.
Ова е наш мал придонес и поддршка на лицата кои се борат со оваа генетска болест на крвта.