Општина Ѓорче Петров стартува со реализација на големиот проект „Партерно уредување на локалитетот “Крст“ во с.Кучково. Оваа атрактивна туристичко-рекреативна локација конечно ќе добие современ изглед. Партерно ќе се уредува површина од 5.456 m2.

Планирана е изградба на амфитеатар со вкупно радијално развиени 3 трибини кој ќе ги прими сите категории посетители од социолошки аспект и ќе обезбеди пријатен престој.

Во план е изградба и на две платформи чие димензионирање е според активностите и потребите на посетителите и монтажни тоалети.

При проектирањето на овој проект сериозно ќе се води сметка за постојната положба на високото зеленило за да се избегне негово уништување, а дополнително да се подобри просторот со ново зеленило. Во оваа насока, хортикултурно ќе се уредува површина од 1.750м2.

Ќе биде поставена и урбана опрема, односно корпи за отпадоци, паркинзи за велосипеди, дрвени клупи, брисолеи, како и пешачки и пристапни патеки кои водат до амфитеатарот и се дизајнирани со пристапни рампи за лицата со попреченост.

Локацијата ќе биде и осветлена со поставување улични светилки-канделабри и подни ЛЕД светилки.

Реализацијата на проектот  во с.Кучково-фаза 1(Еко Училница)“ како дел од договорот за грант ќе чини 4,247,773.35МКД со вклучен ДДВ.  Вредноста на целиот грант изнесува 27% од  вредноста на проектот за под-заем   “Реконструкција и изградба на различни улици во урбаните заедници во општина Ѓорче Петров”, а вкупните средства се обезбедни преку Проектната единица на Министерство за финансии и Втор МСИП проект  со финансиска поддршка од Светска Банка како грант за сиромашни области/социјална вклученост. 

Share